Кадетите на Металург постигнаа 61 гол! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Кадетите на Металург постигнаа 61 гол!

Кадетите на Металург постигнаа 61 гол!

Рекордни 61 гол за 60 минути игра запишаа кадетите на Металург! Во натпреварот од редовното коло во кадетското првенство на Македонија, екипата на Металург славеше против Бутел со 61 :13 (27:6).  Повеќето од головите младите металурзи ги постигнаа од контранапади. Веќе по првото полувреме имаа 21 гол позитива (27:6), но тоа не ги сопре, туку им даде мотив да бидат уште поефикасни во вториот дел во кој запишаа дури 34 погодоци.

Во голгетерскиот ден на Металург дури четворица ракометари завршија со двоцифрен учинок. Шилегов беше прв стрелец со 15 гола Димитриоски постигна  11, а Смилевски и Илиевски запишаа по 10 погодоци.

Покрај рекордот на кадетите на Металург, овој викенд внимание заслужува и резултатот што го постигнаа младинките на ЖРК Вардар. На гостувањето против Преспа Нова, младинките на ЖРК Вардар победија со 12-55 (5-29). Најефикасна кај младите вардарки беше Наташа Нолевска  со 13 гола, а одлична партија на голот имаше Симона Младеновска со 28 одбрани и еден постигнат гол од  седмерец.

фото: rkmetalurg.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.