Јуниор1 ги скроти „лавовите“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Јуниор1 ги скроти „лавовите“

Со стартот на второто коло секој викенд стана се поинтересен и исполнет со возбудливи моменти. Во генерацијата 2001 бевме сведоци на драматични завршници , а три натпревари се и службено изгубени поради непочитување на дел од правилата на “МОНТЕ-ЈУНИОР” минибаскет лигата. Веќе на самиот старт можеше да се проследи неизвесен натпревар помеѓу ЛАВОВИТЕ од Дане Крапчев и ЈУНИОР 1, во кој двете екипи покажаа одлична игра. Водството се менуваше постојано, но улогата на херој ја имаше Јаќовски (ЈУНИОР 1) кој погоди три клучни поени во последната четвртина и на својот тим им донесе победа, а покрај тоа со 5 поени беше и најдобриот стрелец на натпреварот.

 

На вториот натпревар КРАПОВИТЕ на почетокот делувааа поспано па на полувреме отидоа со резултат 11-6. Во второто полувреме иако видовме одлична игра на избраниците од Дане Крапчев, сепак тоа не беше доволно и изгубија за пола кош. ЈУНИОР 2 со својата пожртвувана игра ја заслужи наградата за НАЈекипа на колото и ќе оди на честење во ресторанот на МекДоналдс, а вкусните пудинзи на МОНТЕ ќе ги јаде Поповиќ од поразената екипа бидејќи имаше најголем број поени (9 поени). Овие две екипи си ги одмерија силите и во играта “МекДоналдс 2 Опен Болс” кадешто Киселовски и Тодоровски од ЈУНИОР 2 никако не им дозволија на Велковиќ и Вуловиќ да дојдат до победа.

 

Во третиот меч БАСКЕТИТЕ немилосрдно го полнеа кошот на РИСОВИТЕ. Но и покрај големата победа сепак бодовите ги земаа Рисовите поради непочитување на правилата на Монте лига. Сепак наградата за Најдобар стрелец отиде кај Анчевски кој успеа да реализира дури 21 поен. По натпреварот следуваше и втората игра “Цотинос Скилс Челинџ”, а поснаодливи и побрзи беа избраниците на тренерот Стојмановиќ.

 

И четвртиот натпревар заврши со службена победа, овој пат МРЕЖИЧКИТЕ се “побогати“ за 2 бода од натпреварот против ЅВЕРОВИТЕ. Најдобар стерелец е Митревски со 10 поени.


Драматичен натпревар следевме и помеѓу ЛОШИТЕ МОМЦИ  и ЕЛЕНИТЕ. Иако Лошите момци од Ацо Шопов беа посигурни во последната минута со изведувањето на слободните фрлања, сепак и на овој натпревар имавме службен победник а тоа се Елените од Л.Ангеловски. Најдобар стрелец беше Бојаџиев со 12  поени.


Последниот натпревар помеѓу МАРСОВЦИТЕ и ВЕРВЕРИЦИТЕ беше решен уште на самиот старт. Големата предност во првото полувреме на Вервериците им овозможи сигурен финиш и радост за првите бодови на табелата.

 


Резултати:

ЛАВОВИ (Д.Крапчев 1) – ЈУНИОР 1          17-18

КРАПОВИ (Д.Крапчев 2) – ЈУНИОР 2        18-19

БАСКЕТИ (П.Зоографски) – РИСОВИ (К.Тошев)   43-11

ЅВЕРОВИ (Г.Прличев) – МРЕЖИЧКИ (К.Неделковски)   24-19

БАД БОЅС (А.Шопов) – Елени (Л.Ангеловски)   23-22

ВЕРВЕРИЦИ (Б.Миладиновци) – МАРСОВЦИ (К.Кепевски)  24-12



ЛАВОВИ (Д.Крапчев 1) – ЈУНИОР 1          17-18

ЛАВОВИ: Стојковски Д., Мурџев М., Ацев В. 3, Шопковски К. 4, Момироски М. 4, Спасевски В., Садиковиќ М., Булович-Иванов С., Адемовиќ А., Тодоровски С., Илиевски Д. 4, Богдановски Д. 2.

ЈУНИОР 1: Јаќовски Л. 5, Шумкоски М. 2, Гелов А., Мицев Л., Димоски Б., Петров Д. 3, Србиновски И. 2, Настовски Х. 2, Атанасовски М. 2, Бурузовски Б. 2.


КРАПОВИ (Д.Крапчев 2) – ЈУНИОР 2        18-19

КРАПОВИ: Гиев Г. 2, Анастасовски А. 2, Вуловиќ Р. 3, Поповиќ М. 9, Блажевски Д., Спасовски Б. 2, Велковиќ А. 2, Митевски М., Шуперлиска Х., Маркоски М., Стојанов А.

ЈУНИОР 2: Петрушевски Г. 5, Арсенов Д. 2, Арангеловски С., Мициќ М. 3, Кистоловски Г. 2, Гуриќ А., Симоновски 3, Тодоровски, Кузмановски А. 4.


БАСКЕТИ (П.Зоографски) – РИСОВИ (К.Тошев)   43-11

БАСКЕТИ: Тасевски Н. 13, Трпевски А. 2, Трпевски Д., Анчевски А. 21, Димов В. 6, Јовчевски Љ.

РИСОВИ: Демировиќ, Јовановски, Ивановски, Момироска, Стефановски 4, Петров Л, Петковски 3, Пешиќ, Јуљанов 3, Давидовски, Саљаноски 1, Гошевски, Џувтов, Јакимовска, Божиновски.


ЅВЕРОВИ (Г. Прличев) – МРЕЖИЧКИ (К. Неделковски)   24-19

ЅВЕРОВИ: Крстевски Н. 4, Цековска Н., Какалевски Ќ., Митревски А. 10, Атанасовски Н. 4, Милошевски С., Крстиќ Н., Младеновски-Илиевски Д.2, Спировски М.

МРЕЖИЧКИ: Џуровски Б., Кировски Д. 2, Јордановски Д., Јаковлев А. 2, Тошанов М. 2, Тренчевски И. 5, Ѓошев Б., Стојчовски С. 2, Коцевски. 6, Јанакиев С., Илиевски С.


БЕД БОЈС (А.Шопов) – ЕЛЕНИ (Л.Ангеловски)   23-22

БЕД БОЈС: Дамјановски П. 1, Димитриевски Х. 1, Сали Х. 4, Бејтуа 3, Стојанов Ч., Атанасиевиќ В., Елјеса С. 6, Трпчев 2, Милковски Х. 2, Вељановски, Латински 2, Шостер 6.

ЕЛЕНИ: Бутикоски, Лековски, Момчиловиќ 2, Стефов 7, Бојаџиев 12, Наумовски, Станојковиќ, Шков, Бошковски, Коха, Дамјановски 2, Србиновски 1.


ВЕРВЕРИЦИ (Б.Миладиновци) – МАРСОВЦИ (К.Кепевски)  24-12

ВЕРВЕРИЦИ: Андев А., Спасовски Б. 3, Занов М. 5, Петревски М. 2, Тасевски К., Горгиев Г. 4, Младеновски Л., Гацов Д., Алексаовски Д., Митровски М 2., Стефков Д. 4, Тодоровски И. 4.

МАРСОВЦИ: Цветановски А. 1, Паметковски Д. 4, Јовановски Д., Богданчевски К. 2, Ангеловски Д., Петков Д. 1, Брки Л., Јовчевски Ф., Здравковски М., Наков Ф. 4.

 

ТАБЕЛА

Група А

1.

Јуниор 1

2

2

0

49

28

4

2.

Лавови

2

1

1

48

36

3

3.

Мрежички

2

1

1

33

31

3

4.

Ѕверови

2

0

2

10

45

1

Група Б

1.

Елени

2

2

0

35

19

4

2.

Јуниор 2

2

1

1

38

38

3

3.

Лошите Момци

2

1

1

23

37

2

4.

Крапови

2

0

2

40

42

2

Група В

1.

Рисови

1

1

0

15

0

2

2.

Верверици

1

1

0

24

12

2

3.

Баскети

2

1

1

17

22

2

4.

Марсовци

2

0

2

24

41

2

 

  

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.