ЈУНИОР - 20 години успешна спортска приказна - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ЈУНИОР – 20 години успешна спортска приказна

Дваесет годишната традиција на најпознатата и најквалитетна школа за минибаскет во Македонија, „ЈУНИОР“ и понатаму продолжува. Со многу љубов, посветеност и напорна работа на професионалниот тим составен од спортски експерти, професори, искусни тренери  „ЈУНИОР“ и оваа година ќе работи со најмалите дечиња, ќе препознава млади кошаркарски таленти и ќе создава идни професионалци во дваесет Основни училишта во Скопје.


Покрај едночасовниот тренинг, што се одржува 2 пати во неделата, по специјална програма прилагодена на возраста и потребите на децата, се води и личен картон за секое дете, заради евиденција и следење на неговиот физички развој, преку редовни тестирања и мерења на антропометриските и моторните способности на детето.


Во школата има простор за сите заинтересирани деца од 6 до 15 годишна воздраст. Тука првенствено се создаваат позитивни навики за активно и квалитетно користење на слободното време. Има простор за сите оние кои сакаат да бидат спортски активни, да се дружат и да се социјализираат, да развиваат спортски и тимски дух, да се натпреваруваат, да победуваат но, и да губат, едноставно да прераснат во здрави и стабилни личности.


„ЈУНИОР“ го избра минибаскетот како идеален спорт кој ќе им ги обезбеди сите овие бенефити на децата. Минибаскетот има три основни цели во работата со децата, а тоа е: да ја засакаат кошарката, да се забавуваат и рекреираат и да учат преку игра.


Секој викенд , се игра и добро познатата „МОНТЕ-ЈУНИОР минибаскет лига“, лига на идните ѕвезди, со цел да се поттикне талентот и натпреварувачкиот дух на децата. На крајот на сезоната ЈУНИОР го организира хуманитарниот АЛЛ СТАР натпревар, кадешто се натпреваруваат најдобрите 120 дечиња, а голем дел и од нашите познати кошаркари гостуваат на овој настан и ги следат талентите од Школата за минибаскет ЈУНИОР.

 

Школата за минибаскет „ЈУНИОР“ е формирана во далечната 1994 година, како прва приватна школа за кошарка, а и единствена во минибаскет. Од тогаш па се до денес, преку 13.000 дечиња биле дел од успешната спортска кошаркарска историја на ЈУНОР, работеле со повеќе од 60 тренери и што е најважно голем дел од децата денес градат успешни професионални интернационални кариери. Земјаќи ги во предвид техниките и методите на работа во сите години наназад, школата само го потврдува она старо правило, дека без напорна и стручна работа не може да се постигнат големи резултати.


Затоа, бидете дел од оваа успешна спортска приказна!


Повеќе информации нa www,junior.com.mk

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.