Јончевски: Потребни се трофеи за да се преболи ланскиот пораз од Кожув - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Јончевски: Потребни се трофеи за да се преболи ланскиот пораз од Кожув

Јончевски: Потребни се трофеи за да се преболи ланскиот пораз од Кожув

Стратегот на МЗТ Скопје, Александар Јончевски, ги дочека своите пет минути за реванш на Кожув за ланскиот пораз во Купот на Македонија, неуспех што значеше враќање на младиот стратег во улогата на помошник на Алеш Пипан, кој го имаше својот камбек на клупата на „металците“ по куп-фијаското во СЦ „Јане Сандански“.

Не би рекол дека ова е одмазда ниту пак реванш. Воопшто не е лесно да се преболи оној лански пораз и тоа не може да се стори со само една победа. Потребни се многу победи, многу куп трофеи, за тој пораз да остане во историјата“ – искрен е Александар Јончевски по вечерашниот голем триумф.

До финалето се стигна по голема битка, но стратегот на „металците“ истакна дека такво нешто било сосема очекувано со оглед на фактот дека против себе го имаше домаќинот на овој завршен турнир.

Знаевме дека ќе биде тешко, бидејќи Кожув е тим што игра квалитетна кошарка. Добро го анализиравме нивниот натпревар против Фени индустри, се подготвивме за одбраната што ја играат и добро реагиравме, особено во второто полувреме откако во првиот дел ни создадоа многу проблеми. Одговоривме на нивната зона со неколку погодени напади, со што успеавме да си создадеме солидна предност и на крајот да славиме со десет поени разлика, што не е малку против екипата домаќин на Купот“ – изјави Јончевски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.