Јирген Клоп е желбата на Баерн Минхен - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Јирген Клоп е желбата на Баерн Минхен

Јирген Клоп е желбата на Баерн Минхен

Јирген Клоп повторно е во фокусот на интересирањето на Баерн Минхен, откако раководството на баварскиот гигант го посочило токму овој стратег како свој идеален тренер за наредната сезона. Јуп Хејнкес веќе стави до знаење дека нема намера да остане на тренерската функција по мај, а баварците се надеваат дека тренерското прашање ќе го решат уште во текот на сезонава.

Клоп лани потпиша договор со Ливерпул до 2022 година, но според германските медиуми сега и самиот стратег сериозно би размислил за враќање во татковината, особено ако добие „понуда што не се одбива“ (каква што најавуваат од Баерн). Според весникот „Билд“, тој бил разочаран од острите критики при мини-кризата на Ливерпул сезонава, а во ситуација кога клубот се подготвува за продажба на Филипе Кутињо, и самиот Клоп почнал да се сомнева дека ќе може да ги оствари амбициите и да се вмеша во трката за титулата во следните години, кога клубот ги продава неговите клучни фудбалери.

Шпекулациите сигурно ќе продолжат и во периодот што следи, многу работи ќе зависат од резултатите на Ливерпул до крајот на сезонава, а баварскиот гигант во меѓувреме ќе ја следи и ситуацијата со своите преостанати две опции, Јоаким Лев и Џулијан Нагелсман.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.