Јакимовски со осмо место на ЕП во атлетика за ветерани - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Јакимовски со осмо место на ЕП во атлетика за ветерани

Единствениот наш претставник на Европското првенство во атлетика за ветерани кое во моментов се одржува во Измир, Турција, Аце Јакимовски го освои 8. место во дисциплината 3000 метри – стипл.

Јакимовски, член на АК Скок од Куманово, кој настапи во категоријата +55 години, трчаше со време од 13:01.00 минути, доволно за осмата позиција.

Македонскиот претставник трчаше и во дисциплината 5.000 метри, освојувајќи го 13. место со време од 20:42.88 минути.

На шампионатот учествуваат повеќе од 2000 натпреварувачи од 42 земји од Европа.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.