ИЗЈАВА НА ГОДИНАТА - Кочаман: На Вардар може да му дадеме колку сакаме голови - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ИЗЈАВА НА ГОДИНАТА – Кочаман: На Вардар може да му дадеме колку сакаме голови

ИЗЈАВА НА ГОДИНАТА – Кочаман: На Вардар може да му дадеме колку сакаме голови

Изминува 2017 година, која донесе многу убави моменти во македонскиот спорт, а за ФК Вардар ќе остане запишана засекогаш како историска, поради пласманот во групната фаза од Лигата на Европа.

Од дуелите со Фенербахче доаѓа и изјавата на годината, а ја кажа тренерот на турскиот клуб, Ајкут Кочаман. Неговата нарцисоидност и ставот дека Фенербахче на Вардар „може да му даде колку сака голови“, на крајот му се удри од глава.

„Ние многу добро знаеме дека во Скопје загубивме само поради нашите грешки и во нападот и во одбраната. Во нападот бевме навистина неконцентрирани и промашувавме, а во одбраната да не зборувам – катастрофа. Но, научивме од грешките… И верувам дека сега тоа нема да се повтори пред нашите навивачи. Ако ги намалиме тие наши индивидуални грешки, и во нападот и во одбраната, тогаш сигурен сум дека на Вардар може да му дадеме голови колку што сакаме, и да стигнеме до зацртаната цел“ – изјави Кочаман.

Само еден ден подоцна, Вардар го тресна Фенербахче и среде Истанбул, па следеше насловот на Екипа…

kocaman izjava na godinata 2

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.