Ивановска го „облече“ Пандев, НБА-дресот на Антиќ продаден за 90.000 денари (ФОТОГАЛЕРИЈА) - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ивановска го „облече“ Пандев, НБА-дресот на Антиќ продаден за 90.000 денари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ивановска го „облече“ Пандев, НБА-дресот на Антиќ продаден за 90.000 денари (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Прекрасно беше попладнево да се биде дел од хуманиот настан организиран од страна на магазинот „Портрет“, на кој преку аукција на дресови на познати спортисти беа собрани пари кои ќе бидат дадени на оние кои се најпогодени од поплавите во скопскиот регион.

Апсолутниот рекорд беше урнат пред самиот крај на аукцијата, кога бизнисменот Орце Камчев плати 90.000 денари за дресот на Перо Антиќ од тимот на Атланта хоукс. Екс-капитенот на репрезентацијата имаше уште неколку дресови од Фенербахче кои достигнаа цена од 30.000 и од 22.500 денари.

Антиќ самиот плати 31.000 денари за дресот од Вардар на македонската ракометна легенда Пепи Манасков.

Многу го сакам човеков“ – со насмевка коментираше Перо при фотографирањето со дресот на Манасков.

Цена од 30.000 денари достигна и дресот на Горан Пандев од Џенова, таа сума ја плати македонскиот супермодел Катерина Ивановска, која веднаш потоа и го облече дресот на себе.

Орце Камчев плати и 30.000 денари за дресот на Кире Лазаров од Барселона, а додека екс-претседателот на МКФ, Даниел Димевски, донираше билет за легендарниот натпревар Македонија – Литванија од Евробаскет 2011. Истиот беше купен од синот на Перо Антиќ за сума од 10.000 денари.

Интересна беше и аукцијата за репрезентативниот дрес на Дамјан Стојановски од Евробаскет 2013, кој заврши во рацете на екс-селекторот Марин Докузовски.

Продадени беа уште бројни артикли, вкупната сума како што наведоа и самите организатори нема да биде обелоденета во јавноста, туку истата експресно ќе биде проследена до оние на кои им е најпотребна.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.