Иван Јовановски Карас премина во Генчербирлиги - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Иван Јовановски Карас премина во Генчербирлиги

Иван Јовановски Карас премина во Генчербирлиги

Кондицискиот тренер на фудбалската репрезентација на Македонија, Иван Јовановски Карас го напушти Карабах од Азербејџан и својата кариера ја продолжи во турскиот клуб Генчербирлиги.

Karas

„Благодарам Азербејџан за прекрасното искуство, сега време е за Анкара и за нов предизвик“ – порача Иван Јовановски.

Тој во Турција ќе работи со Славчо Војнески, кој во турскиот клуб е помошник тренер. Пред да се пресели во Азербејџан, Карас работеше во Бугарија, каде со Лудогорец стигна до првата шампионска титула во сезоната 2011/2012, а претходно работеше во ЦСКА Софија, Македонија ЃП, Цементарница, Работнички и Металург.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.