Исени: Шкупи може да се надигрува и со најдобрите - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Исени: Шкупи може да се надигрува и со најдобрите

Исени: Шкупи може да се надигрува и со најдобрите

Шкупи ќе и гостува на Шкендија во претстојното 23.коло од Првата лига, и ќе се обиде да стигне до изненадување, освојувајќи барем еден бод во дуелот со фаворитот. Со добрите игри во пролетниот дел, тимот од Чаир се искачи на третата позиција на табелата и посакува да ја задржи до крајот на шампионатот, иако поради административни пречки тоа сепак нема да значи и излез на меѓународна сцена оваа сезона. Шкупи го промени името, и ова е последна (трета) сезона во која нема право да учествува во европските купови.

Талентираниот Бесир Исени се враќа по повредата и очекува тимот да одигра квалитетно против Шкендија.

„Сигурно дека сум задоволен од тоа што се враќам посилен по повредата што ја имав. Сега сакам да се концентрирам на натпреварите кои ни доаѓаат, а во идните две кола ќе играме со екипите кои се борат за титулата. Нашиот став останува непроменет, не се предаваме пред ниту еден противник, а оваа сезона ќе „бркаме“ што е можно повисока позиција на табелата. Иако знаеме дека немаме право да играме на европската сцена, секој бод и секоја победа ќе им биде посветен на нашите верни навивачи „Шверцери“, кои и во најтешките деноиви беа со нас. Знаеме дека против Шкендија нема да биде ниту малку лесно, но ние знаеме да одиграме цврсто против квалитетните тимови, така што и утре ќе дадеме се од себе, со надеж дека ќе останеме непоразени и на овој натпревар“, вели Бесир Исени.

Шкупи на дуелот со Шкендија ќе биде хендикепиран, без двајцата одбранбени фудбалери Седат Бериша и Мевлан Мурати, а неизвесен е и капитенот Суад Зендели.

Фото: www.fcshkupi.com

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.