Ирина проговори: Роналдо е дете, тој не е маж - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ирина проговори: Роналдо е дете, тој не е маж

Ирина проговори: Роналдо е дете, тој не е маж

Неколку месеци откако ја прекина врската со Кристијано Роналдо, Ирина Шаик конечно реши да проговори за целокупната ситуација, откривајќи ги причините поради која таа веќе не е заедно со најголемата фудбалска ѕвезда на денешницата. Руската манекенка во интервју за шпанскиот магазин „Хола“ обелодени дека е разочарана од Португалецот, кој се однесувал како дете, а не како вистински маж.

Мислев дека сум го нашла идеалниот маж, но се покажа дека не сум била во право. Сакам искрени мажи кои се верни на своите жени, а Кристијано не беше таков. Тој беше еден од оние кои се однесуваат како деца, а не како мажи, таквите секогаш ги прават жените несреќни на крајот. Јас се чувствував грдо и несигурно крај него“ – истакна Русинката.

Роналдо и Шаик неколку години беа заедно и многумина очекуваа врската да ја крунисаат со брак токму во 2015 година, па изненадувачки делуваше нивната разделба на крајот од декември 2014.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.