Инцидент по младинското полуфинале во Купот: „Вардарци“ нападнати на Чаир - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Инцидент по младинското полуфинале во Купот: „Вардарци“ нападнати на Чаир

Инцидент по младинското полуфинале во Купот: „Вардарци“ нападнати на Чаир

Со немили сцени заврши денешниот реванш полуфинален натпревар од младинскиот Куп на Македонија меѓу Шкупи и Вардар на стадионот во скопски Чаир, откако по крајот на дуелот дојде до физички контакт меѓу младите фудбалери на двата тима.

Со последниот судиски свиреж, младите „вардарци“ се впуштија да протестираат кај главниот судија поради предвремено отсвирен крај, но неочекувано физички беа нападнати од противничките фудбалери. Вистинските проблеми настанаа кога на терен се впуштија и дел од домашните навивачи, за да сепак потежок инцидент спречат припадниците на полицијата како и од раководството и од стручниот штаб на ФК Шкупи кои се впуштија во одбрана на вардаровите млади играчи.

Од стручниот штаб на Вардар, по мечот потенцираа дека на повреди се пожалиле неколку нивни нападнати фудбалери кои добиле удари по телото.

Што се однесува до резултатот, пласман во младинското финале обезбеди екипата на Шкупи која на денешниот реванш дуел славеше со 2-0, анулирајќи ја предноста на „вардарци“ од првата средба. На првиот полуфинален дуел Вардар славеше со 2-1.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.