Иницијативниот одбор за промени закажа Вонредно собрание на ФФМ на 23 јуни - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Иницијативниот одбор за промени закажа Вонредно собрание на ФФМ на 23 јуни

Претставниците на Иницијативниот одбор за промени во фудбалот денеска на прес – конференција објавија дека закажуваат Вонредно собрание на ФФМ на 23 јуни. Местото на одржување на собранието ќе биде дополнително познато, а материјалите на делегатите ќе им бидат доставени десет дена пред самиот настан.
 
 
„Сакаме да објавиме дека со потписи од 10 општински фудбалски сојузи, како и со поддршка на уште шест ОФС, закажуваме Вонредно собрание на ФФМ на 23 јуни. Местото на одржување ќе биде познато дополнително. Сакаме да направиме ред во фудбалот и не го уриваме Харалампие Хаџи-Ристески во име на некого, туку за доброто на македонскиот фудбал. Во постојана комуникација сме и со УЕФА и со ФИФА“, изјавија претставниците на Иницијативниот одбор за промени на ФФМ.
 
 
Управниот одбор на ФФМ на последната седница го одби нивното барање за закажување на Вонредно собрание, но тие велат дека тоа не е можно. Во Статутот на ФФМ, во член 46, точка 2, пишува дека „УО е должен да закаже Вонредно собрание за најмногу 45 денови откако ќе биде доставено барање од најмалку осум општински фудбалски сојузи“. Иницијативниот одбор за промени имаше доставено барање до ФФМ со потписи од 10 општински фудбалски сојузи.
 
 
„Доколку постои нелегитимност, тоа е на спротивната страна. Аргетим Асани не е избран и верификуван како член на УО на ФФМ, а учествува во неговата работа и гласа. Димче Тристовски е суспендиран, а исто така си работи и гласа. Нашето барање е одбиено и со тоа станува јасно и се поочигледно дека луѓето од врвот на ФФМ работат само за себе и за своите интереси“, изјави Иван Путилин.            

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.