ИН МЕМОРИАМ: Почина легендата на Вардар, Тоде Георгиевски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ИН МЕМОРИАМ: Почина легендата на Вардар, Тоде Георгиевски

ИН МЕМОРИАМ: Почина легендата на Вардар, Тоде Георгиевски

По кратко боледување, денеска во Скопје на 80-годишна возраст почина една од најголемите легенди на Вардар, поранешниот голман Тоде Георгиевски.

Георгиевски во црвено-црниот дрес одигра 239 натпревари во периодот од 1950 до 1964 година, кога со златната генерација на ФК Вардар, заедно со Благоја Вучидолов, Петар Анѓушев, Славко Дацевски, Часлав Божиновски, Драган Трајчевски, Мирко Илиевски, Владо Николовски, Андон Дончевски, Стојан Велковски и Петар Шулинчевски, во 1961 година го освоија и Купот на поранешна СФРЈ, што претставува еден од најголемите успеси во историјата на Вардар и македонскиот клупски фудбал.

Во својата кариера Тоде Георгиевски извесен период настапуваше и заедно со великаните на најтрофејниот македонски клуб, Мете Спасовски и Кирил Дојчиновски. Една сезона бранеше и за ФК Одред од Љубљана, Словенија.

Покрај фудбалската кариера никогаш не го запостави ниту факултетот. Беше едно од најугледните лица во Скопје, дипломирајќи на Правниот факултет, а се до своето пензионирање беше судија во Врховниот суд на Македонија.

Погребот на Тоде Георгиевски ќе биде утре на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.