ИН МЕМОРИАМ: Почина еден од најистакнатите домашни атлетски работници, Влатко Димитров - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ИН МЕМОРИАМ: Почина еден од најистакнатите домашни атлетски работници, Влатко Димитров

ИН МЕМОРИАМ: Почина еден од најистакнатите домашни атлетски работници, Влатко Димитров

Утрово, во Охрид во 54-та година од животот ненадејно почина еден од најистакнатите домашни атлетски работници, легендата на охридската и македонската атлетика Влатко Димитров.

Димитров како тренер на АК Охрид создаде плејада врвни атлетичари кои остварија забележителни резултати на домашните и меѓународни натпревари, освојувајќи бројни медали и признанија, а беше максимално активен и во работата на македонската атлетска репрезентација. За својата пожртвувана работа и резултатите во спортот тој и АК Охрид се добитници на бројни општествени награди и признанија.

Постамртните останки на професорот Влатко Димитров ќе бидат изложени утре од 13 до 14 часот во капелата на градските гробишта во Охрид.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.