Илиќ е трагичарот: Веспрем пак се „лизна“ во ЛШ, ПСЖ е страшен и без Карабатиќ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Илиќ е трагичарот: Веспрем пак се „лизна“ во ЛШ, ПСЖ е страшен и без Карабатиќ

Илиќ е трагичарот: Веспрем пак се „лизна“ во ЛШ, ПСЖ е страшен и без Карабатиќ

Европскиот вицешампион Веспрем продолжува со променливите игри од стартот на сезонава во Лигата на шампионите, каде по три одиграни кола унгарскиот гигант има само една победа и две реми. Слично како и во првото коло против Фленсбург, ракометарите на Веспрем и попладнево во Полска против Висла Плоцк беа на чекор до победата, но недоволната концентрација во финишот ги чинеше избраниците на Сабате уште еден бод во групната фаза од ЛШ (28-28).

Висла и Веспрем одиграа максимално израмнет меч од почеток до крај, во кој првото полувреме мина во знакот на Палмарсон, кој за 30 минути игра погоди седум пати. Полјаците во вториот дел го неутрализираа исландскиот бек, но Веспрем сепак на две и пол минути до крајот имаше водство од 26-28. Висла се врати и израмни на 28-28, но унгарскиот состав доби извонредна шанса за победа откако Палмарсон беше фаулиран за пенал на помалку од десет секунди до крајот. Момир Илиќ, кој одигра очајно на оваа средба, ја презеде одговорноста, но Коралес го одбрани неговиот седмерец и спаси бод за Висла, на огромна радост на домашните навивачи.

Ивиќ со осум гола беше најефикасен кај Висла, исто толку на спротивната страна постигна Палмарсон, додека Алиловиќ имаше 13 интервенции на голот на Веспрем.

Пари сен Жермен и без помошта на Никола Карабатиќ го декласираше на гостински терен Шафхаузен, триумфирајќи на мечот одигран во Швајцарија со убедливи 25-35. Мечот беше решен уште во првото полувреме што ПСЖ го доби со преубедливи 8-19, што им овозможи на гостите потоа со рутинска игра да сочуваат и дел од силата за следните предизвици.

Генсхајмер со седум гола беше најефикасен во редовите на победничкиот тим, пред Нилсен со пет погодоци, додека прв стрелец кај Шафхаузен беше Шиба со шест постигнати гола.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.