Илијоски ја прифаќа понудата од малезиски Келантан - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Илијоски ја прифаќа понудата од малезиски Келантан

Илијоски ја прифаќа понудата од малезиски Келантан

Капитенот на Работнички, Баже Илијоски, дефинитивно ќе го напушти Работнички во овој зимски преоден рок. Тој одлучи да ја прифати понудата за трансфер прволигашот од Малезија, екипата на Келантан, и утре ќе се врати во Скопје, за потоа да замине во својот нов клуб, за финализирање на соработката.

Илијоски оваа зима имаше понуда од романскиот Волунтари за да замине во Романија, но сепак трансферот не се реализира, а потоа се договори за нова двегодишна соработка со „романтичарите“. Но, на подготовките во Анталија пристигна понуда на негова адреса за продолжување на кариерата во Малезија, која тој очигледно ќе ја прифати.

Претходно и Кире Ристевски и си замина од Работнички, па јасно е дека раководството на клубот ќе треба да се обиде да доведе нови играчи за да ги пополни нивните позиции до крајот на зимскиот преоден рок.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.