Илиевски ново засилување за Ефес - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Илиевски ново засилување за Ефес

Раководството на Анадолу Ефес го ангажира македонскиот кошаркарски репрезентативец Владо Илиевски. 31-годишниот плејмејекр потпиша едногодишен договор, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона.

Пред македонскиот бек за овој клуб, кој има намера да атакува на европската титула, потпишаа Ерсан Илјасова од Милвоки бакс и Саша Вујачиќ од Њу Џерси нетс, а следен на списокот е турската кошаркарска легенда Хидает Туркоглу. 
Илиевски кариерата jа почна во Неметали Огражден, по што настапуваше во Партизан, Анталија, Барселона, Лотоматика, Болоња, Монтепаски Сиена, Тау Керамика и Унион Олимпија.

Илиевски ќе биде еден од носителите на играта на македонската кошаркарска репрезентација на претстојниот Евробаскет во Литванија.   

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.