Илчо Ѓорѓиоски во ФФМ ќе менаџира кадровски тим на екс Македонија Ѓорче Петров - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Илчо Ѓорѓиоски во ФФМ ќе менаџира кадровски тим на екс Македонија Ѓорче Петров

Илчо Ѓорѓиоски е првиот
претседател на Фудбалската федерација
на Македонија со платена функција. По
најавите за ваква промена во федерацијата,
и одлуките што биле донесени на седница
на УО на ФФМ, а не беа јавно претставени
во јавноста, Ѓорѓиоски се одважи да
признае за ЕКИПА. Имено, одлуката за претседателот
да добива плата од ФФМ е донесена уште
на состанокот на 21 август, а пред неколку
денови тој потпишал менаџерски договор.
Но, засега Ѓорѓиоски не сака јавно да
ја открие месечната плата што ќе ја зема
за да раководи со македонскиот фудбал.


„ФФМ не крие ништо од
јавноста, сите одлуки на управниот одбор
се јавни и тие ќе бидат претставени на
официјалниот веб сајт на федерацијата,
кога тој ќе биде пуштен во употреба. Во
изминатиов период имаше одредени
проблеми, но ветуваме дека многу брзо
ќе бидат решени. Што се однесува до
мојата позиција, УО на ФФМ изгласа одлука
претседателската функција да биде платена
на седницата на 21 август. Имам менаџерски
договор, затоа што сум човек кој работи
и живее за фудбалот и од фудбалот“,
вели
Илчо Ѓорѓиоски за ЕКИПА, но, сепак, засега
не е подготвен да ја открие јавно висината
на својата месечна плата. Треба да сфати
дека јавноста е желна да го дознае овој
податок,бидејќи е прв претседател на
ФФМ кој ќе зема плата за својата работа.
Оттаму, треба да се знае и колку ќе
заработува за да го води македонскиот
фудбал кон подобро утре.

 

Илчо Ѓорѓиоски направи
коренити промени во ФФМ. Уште од поодамна
е познато дека нов претседател на
судискиот комитет е Емил Божиновски,
но многу интересно е како тој ги пополни
другите функции во фудбалската федерација.
Заеднички именител на речиси сите нови
лица е дека се екс – членови на Македонија
Ѓорче Петров, односно поранешни, а и
сегашни блиски соработници на Ѓорѓиоски.
Така, нов претседател на Дисциплинската
комисија на ФФМ е Владимир Гашевски,
поранешниот потпретседател на Македонија
ЃП во периодот кога овој клуб се бореше
против раководниот режим на Харалампие
Хаџи-Ристески. Нему ќе му помагаат Сабри
Алими и Реуф Муминовиќ.

 

Нов претседател на
меѓународната комисија на ФФМ ќе биде
Серафим Димовски, долгодишен фудбалски
работник токму во Македонија Ѓорче
Петров и многу близок човек на Илчо
Ѓорѓиоски. Нов раководен кадар има и
тренерската комисија, Зоран Стратев,
кој исто така е тренер кој најголемиот
дел од кариерата го помина во Македонија
Ѓорче Петров, иако беше дел и од Вардар
и го донесе на само еден чекор до Лигата
на шампионите во 2003 година. Претседателската
функција во комисијата за женски фудбал
ќе ја врши Александра Николовска, а
внатрешен ревизор ќе биде Боро Атанасовски.              

 

Така, ФФМ која порано имаше прилепски шарм, сега е скроена во ѓорчепетровски костум.   

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.