Игор Карачиќ: Останувам во Вардар и следната сезона, после тоа се е во магла... - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Игор Карачиќ: Останувам во Вардар и следната сезона, после тоа се е во магла…

Игор Карачиќ: Останувам во Вардар и следната сезона, после тоа се е во магла…

Хрватскиот репрезентативец Игор Карачиќ ќе биде дел од Вардар и во наредната сезона. Во интервју за хрватските медиуми, Карачиќ истакна дека со Вардар има договори и за наредната сезона и дека ќе го испочитува до крај.

„Имам договор и за следната сезона и сигурно останувам. После тоа, се е во магла. Ќе видиме што ќе биде. После оваа сезона ќе имаме многу промени во играчкиот кадар. Многу ќе заминат, но очекувам и да дојдат засилувања“ – вели Карачиќ.

За извонредната полусезона на „црвено-црните“ во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, хрватскиот бек вели дека е резултат на напорна работа во изминатите четири години. А, што се однесува до очекувањата, императивот е пласман на Ф4.

„Сега Вардар е веќе зрел тими машинерија, што е резултат на напорите што траеја четири години. Постигнавме огромен успех за македонскиот спорт, колку се цени тоа во земјата, најдобро се гледа по тоа што државата ги одликува Македонците од екипата. Нема да се правам важен и да зборувам за одбрана на титулата шампиони на Европа, императивот е да се пласираме на Ф4. Сепак, се надевам дека нема да застанеме на тоа. Не очекува пауза во Лигата на шампионите до февруари и ќе се обидеме што подобро да се подготвиме за следните предизвици. Ќе одиме чекор по чекор, како што го правевме тоа и претходната сезона“ – нагласува хрватскиот бек.

Игор Карачиќ е „умерен“ во очекувањата и кога станува збор за настапот со репрезентацијата на Хрватска на претстојното ЕП на домашен терен.

„Како што беше случај и со Вардар, нема премногу да ветувам, но, сигурно е дека знаеме колку вредиме и дека ќе дадеме се од себеза најдобар можен резултат. Враќањето на Лино Червар на селекторското место е голема работа. Внесе некои новостиили можеби е подобро да кажам дека врати некои стари навики. Сите играчи добија на важност…“ – истакнува Игор Карачиќ.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.