Димитријевиќ меѓу најдобрите во поразот на Хувентуд - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Димитријевиќ меѓу најдобрите во поразот на Хувентуд

Димитријевиќ меѓу најдобрите во поразот на Хувентуд

Хувентуд со убедлив пораз на гостувањето во Валенсија  (102-81) ја заврши оваа календарска година, но најважно за македонската јавност е што Ненад Димитријевиќ од натпревар во натпревар добива се поголема доверба од стручниот штаб, но и возвраќа за неа со добри изданија за тимот од Бадалона.

Тоа беше случај и на вечерашниот дуел, на кој младиот Македонец беше меѓу најдобрите поединци во редовите на Хувентуд. Тој мина на теренот 25 минути, период во кој реализираше 11 поени, четири асистенции и три скокови.

За Хувентуд ова беше четврти пораз во последните пет кола, со што екипата на Димитријевиќ се наоѓа на делба од 14. до 16. место со скор од четири победи и девет порази во досегашниот дел од сезоната.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.