Хрватите се чудат зошто Платини е во Скопје: Избегнува ли судско рочиште? - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Хрватите се чудат зошто Платини е во Скопје: Избегнува ли судско рочиште?

Хрватски „Индекс“ пред денешниот натпревар меѓу Хрватска и Србија пренесува вест во која ја наведува наводната некоректност на претседателот на УЕФА, Мишел Платини кој место првичната потврда за присуство вечерва на „Максимир“ се одлучил сепак да присуствува во Скопје на дуелот на нашата селекција со Белгија, а претходно да го отвори и новоизградениот комплекс „Куќа на фудбалот“.
 
Како што пишува „Индекс“, Платини кој претходно беше во Загреб на 100-годишницата на ХНС ветил повторно доаѓање во главниот град на Хрватска токму на 22. март. Но, „Индекс“ смета дека овој пат избегнал доаѓање како би избегнал и појавување, како сведок, на судското рочиште во процесот на Бруно Мариќ против УЕФА.

„Доаѓањето на Платини не се доведуваше во прашање се додека не пукна жестоката расправа на релација УЕФА-ХНС-МЗОС што доведе и до приведување на Здравко Мамиќ. Иако Платини го покрена целиот скандал со своето остро писмо во кое ја критикуваше Владата на Хрватска поради ситуацијата во хрватскиот фудбал и повика на итен состанок, сам не се удостои да се појави на него. Платини, сега, одеднаш е најавен во Скопје. Зошто повторно се сокри? Неговото најавено враќање во Хрватска за денеска беше повод рочиштето во процесот на Бруно Мариќ против УЕФА да се закаже токму на денешен ден, пред средбата Хрватска – Србија, како и претседателот на УЕФА би ги намалил трошоците за доаѓање на суд во Дарувар како сведок. Рочиштето е закажано за 12:30 часот…“ – пишува „Индекс“ дополнувајќи дека Платини свесно не дошол во Загреб.

„Кога Платини би пристигнал во Загреб, а втор пат би го игнорирал повикот од судот во Дарувар, би постоела можност да биде приведен и на рочиште однесен со полиција. Затоа ли го одбра помалку ’напнатиот’ дуел во Македонија?“ – се прашува „Индекс“.

Како и да е, Мишел Платини денеска од 14 часот ќе биде специјален гостин на ФФМ на отворањето на новиот наш спортски комплекс „Куќа на фудбалот“ во општината Аеродром во Скопје, а вечерва од 20:45 часот ќе го проследи и дуелот меѓу Македонија и Белгија на „Филип Втори“.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.