Хјустон во полуфинале, ’рибрејк’ на Сан Антонио - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Хјустон во полуфинале, ’рибрејк’ на Сан Антонио

Хјустон во полуфинале, ’рибрејк’ на Сан Антонио

Хјустон го елиминираше Далас пласирајќи се во полуфиналето на Западот по вкупниот триумф во победи од 4-1, додека Сан Антонио дојде до нов брејк против ЛА Клиперс за водство од 3-2 во серијата во првата рунда плеј-оф дуели од НБА лигата.

Хјустон во својот „Тојота центар“ забележа прва победа во плеј-оф серија по шест години, предводен од Џејмс Харден со 28 поени за триумф од 103-94.

Актуелниот шампион, пак, во Лос Анѓелес на брејкот одговори со брејк, за победа од 111-107 во која одличен беше Тим Данкан со 21 поен и 11 скока, па Спарси сега ќе имаат „меч топка“ на домашен терен.

Токму победникот од серијата меѓу екипите на Грег Поповиќ и Док Риверс ќе биде ривал на Хјустон во битката за финалето на конференцијата.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.