Хамилтон: Следната сезона болидите ќе бидат како да возиш автобус - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Хамилтон: Следната сезона болидите ќе бидат како да возиш автобус

Хамилтон: Следната сезона болидите ќе бидат како да возиш автобус

Новите промени во Формула 1 што се воведуваат од следната сезона, не му се допаѓаат на актуелниот шампион Луис Хамилтон. Возачот на Мерцедес изјави дека болидите во 2018 година ќе бидат како да возиш автобус. Од следната сезона ќе биде воведен т.н. „ореол“ за  кој веќе долго време се застапува претседателот на ФИА, Жан Тод. Овој додаток на болидите има за цел да обезбеди поголема безбедност на возачите. Покрај тоа, со промената на правилата секој возач годишно ќе има на располагање само три наместо досегашните четири мотори. Тоа пак најверојатно ќе донесе многу казни за тимовите

Сигурно ќе биде полошо. Ќе бидеме принудени да возиме како ендуранс возачи. Ние веќе имаме ограничување за горивото, сега доаѓа и „ореолот“ и возењето ќе биде како во автобус. Болидите ќе бидат тешки како тие во НАСКАР, сопирањето  ќе биде подолг и со сигурност, тоа не е она што го сакаме ние. На овој начин некои од возачите не ќе можат да го покажат својот потенцијал во целост“ – изјави Хамилтон.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.