Хамилтон очекува шампионски дуел со Алонсо во 2018 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Хамилтон очекува шампионски дуел со Алонсо во 2018

Хамилтон очекува шампионски дуел со Алонсо во 2018

Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон, верува дека Фернандо Алонсо од следната сезона ќе се приклучи во борбата за шампионската титула.

Сезонава, британскиот возач во тимот на Мерцедес ја доби битката со Себастијан Фетел и со Ферари, но тој смета дека 2018 година конкуренцијата за титулата ќе биде многу пожестока.

„Ќе се подготвувам повеќе од кога и да е и ќе се обидам да ја освојам петтата шампионска титула следната година. Мислам дека во новата сезона четири тима ќе бидат во битка за врвот – ние, Ред Бул, Ферари и највeројатно Мекларен. Не може да си дозволиме да останеме мирни, треба да продолжиме да работиме и да се подобруваме“ – изјави Хамилтон во интервјуто за  „Ла Република“.

Четирикратниот шампион верува дека неговиот поранешен тим, Мекларен со новите мотори на Рено ќе биде многу поконкурентен, а со добар болид, Фернандо Алонсо сигурно ќе биде еден од кандидатите за титулата.

Оваа година имавме неколку убави дуели, посакувам да има повеќе такви. Фернандо заслужува да се бори за челните позиции и јас се надевам дека и други шампиони како него ќе се приклучат во битката“ – вели Луис Хамилтон.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.