Хамилтон: Ми треба акција и надвор од тркачката патека! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Хамилтон: Ми треба акција и надвор од тркачката патека!

Хамилтон: Ми треба акција и надвор од тркачката патека!

Актуелниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, кога не е во својот болид, меѓу една и друга сезона шета по светот со својот приватен авион и наликува на ѕвездите од музичкиот џет-сет. Возачот на Мерцедес вели дека не се чувствува како рок ѕвезда, но ужива во таквиот начин на живот.

Хамилтон кој годинава ја освои третата титула светски шампион во Ф1, статусот на ѕвезда го ужива и надвор од светот на Формула 1. Тој е чест гостин  на црвениот тепих и секогаш е во таблоидите кои известуваат за животот на славните. Со својот стил на облекување, со обетки и синџирчиња како модни додатоци и со тетоважите по телото, Хамилтон многу повеќе наликува на музичар отколку на светски шампион.

Lewis-Hamilton1

„Не се чувствувам како рок-ѕвезда. Само го живеам својот живот, поинаку од многу други. Тоа е возбудливо живеење. Минатата недела бев во Вашингтон и седев блиску до претседателот на САД, Барак Обама, следното утро бев во Канада каде малку тренирав и малку и се посветив на музиката. Потоа отидовме во Лос Анџелес, во Германија, Монако, Лондон. Од таму летав за Колорадо и по пат ги посетив и пријателите во Њујорк“ – открива Луис Хамилтон за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“.

Многумина се убедени дека Хамилтон претерува со својот начин на живот на голема ѕвезда и дека тоа може да биде погубно за неговата кариера во Формула 1. Првите знаци на слабост кај возачот на Мерцедес се покажаа на крајот од минатата сезона. На три трки пред крај Хамилтон веќе ја обезбеди шампионската титула, но поради ноќните проводи и загубената мотивација, во завршните трки од шампионатот тој доживеа тешки порази од клупскиот колега Нико Розберг.

hamilton01

Но, Хамилтон тоа не го загрижува премногу. Тој продолжува со својот начин на живот исполнет со патувања забави и музика, а во блиска иднина планира да го издаде својот прв албум.

„На мојот живот надвор од патеката, гледам како на нешто многу позитивно. Уживам во него. Минатата година беше највозбудлива досега. Победив на многу трки и ја освои својата трета шампионска титула во Формула 1. Но, мене ми треба акција и надвор од тркачката патека. Тоа што го правам е важно за мене. Од тоа влечам енергија и мотивација за другите работи – спортот. И во тој мој живот се чувствувам прекрасно“ – вели шампионот во Формула 1.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.