Хаџиевски: Која беше целта за испаѓањето на Пелистер?! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Хаџиевски: Која беше целта за испаѓањето на Пелистер?!

Хаџиевски: Која беше целта за испаѓањето на Пелистер?!

Пелистер е второлигаш, а Ѓоко Хаџиевски по поразот од Хоризонт Турново (0-2) си поднесе неотповиклива оставка од тренерската функција. Човекот што требаше да биде спасител, на крајот си заминува по неуспешно завршена работа во битолскиот прволигаш.
По оставката, Ѓоко Хаџиевски открива дека бил оставен речиси на цедило со фудбалерите, а клубот функционирал речиси без плати, без ниту една премија и со еден ручек пред натпреварите.

„Веднаш мора да кажам дека Ѓоко Хаџиевски не бега од неуспехот. Ако беше за „бегање“, ќе избегав чист во февруари. Но, очигледно дека сега некои си најдоа „жртва“ во Ѓоко Хаџиевски. А јас сега сакам да ја кажам вистината, па другите нека оценат. Едноставно, како да немаа интерес да се спаси Пелистер. Се прашувам, имаше ли некоја друга цел во заднина со испаѓањето на Пелистер. Како поинаку може да се окарактеризира тоа што клубот не понуди ниту една премија за фудбалерите, а за целиот период имаше исплатено само една и пол плата. Кога дојдовме на еден бод негатива до Турново, за триумфот на гости против овој тим, едноставно немаше реакција од раководството, за барем малку да се мотивираат фудбалерите“, вели Ѓоко Хаџиевски.

Тој има и порака до јавноста во Битола.

„Гледам сега дека Хаџиевски го имаат избрано како „жртва“. Но, треба прашањата да ги постават друго место. На пример, да ги прашаат раководните луѓе зошто преговараа со 10 играчи, а со никој не се договорија. Нудеа многу мали плати. Тие млади играчи што беа доведени во клубот, беа планирани за Б-тимот на Пелистер, а кога дојде ред да се доведуваат засилувања, раководството како да се повлече. Единственото вистинско засилување беше голманот Драгојевиќ. Функциониравме без карантини, со еден ручек пред натпревар и со сендвичи за враќање дома. А сега многумина сакаат да се кријат зад моето име. Вистината е дека се мачевме да сториме што можеме, заедно со Никола Аврамовски и Миле Димов. Клубот и сега нема никаква концепција, јас и затоа си заминувам“, истакнува за ЕКИПА, Ѓоко Хаџиевски.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.