Ѓукиќ: Македонија е фаворит против Црна Гора, ама ќе мора тоа и да го докаже на терен - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ѓукиќ: Македонија е фаворит против Црна Гора, ама ќе мора тоа и да го докаже на терен

Ѓукиќ: Македонија е фаворит против Црна Гора, ама ќе мора тоа и да го докаже на терен

Ракометното „лудило“ во Хрватска само што не започнало, а селекциите кои учествуваат ги прават последните подготовки за настапот на Европското првенство. Неизбежни се и плановите како да се мине првата фаза, а во групата Ц покрај Македонија се наоѓаат уште Црна Гора, Словенија и Германија.

Селекторот на Црногорците, Драган Ѓукиќ, јасно ја истакнува нивната цел, со победа над Македонија да се пласираат во следната рунда од европскиот ракометен самит. Но, и потврдува дека нашата репрезентација, посебно откако стана јасно дека најголемиот нивен адут Вуко Борозан дефинитивно нема да настапи, е фаворит во меѓусебниот дуел.

„Словенија сака медал, Германија е кандидат за златото, а Македонија ја победи Србија. Наша цел е победа над Македонија. Тие се фаворити во пресрет на дуелот со нас, но тѕоа секако ќе мора да го докажат и на теренот. Ние исто така имаме што да кажеме на Европското првенство“, изјави Ѓукиќ.

Вуко Борозан по сообраќајната несреќа нема да биде подготвен за настап на ЕП, а Ѓукиќ вели дека сега е фокусиран на оние ракометари што ќе настапат во националниот тим.

„Не е едноставна ситуацијата, ниту за нас, а верувам дека и на Борозан не му е сеедно. Влегуваме во замка повеќе да зборуваме за тој што го нема, отколку за момците што се тука. Отсега сум фокусиран само на тие што ќе играат, Црна Гора покажа дека има тимски дух и верувам дека тоа ќе не краси и во текот на Европското првенство“, истакна селекторот на црногорскиот национален тим.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.