Горко искуство за ракометарките на „Трофеј Карпати“ - за 17 минути само 1 гол! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Горко искуство за ракометарките на „Трофеј Карпати“ – за 17 минути само 1 гол!

Горко искуство за ракометарките на „Трофеј Карпати“ – за 17 минути  само 1 гол!

Женската ракометна репрезентација на Македонија го претрпе вториот пораз, овој пат  од домаќинот Романија со 31-18, во вториот натпревар на турнирот „Трофеј Карпати“ што се одржува во Крајова.

По доброто издание на вчерашниот прв меч против Бразил (19-32) во кој избраничките на селекторот Симе Симовски пружија достоен отпор и во поголем дел држеа чекор со светскиот шампион од 2013, овој пат концентрацијата попушти уште во првите минути. Разликата во искуството и во квалитетот брзо дојде до полн израз. Романките уште по првата четвртина веќе имаа двоцифрена предност, а Македонија за 17 минути постигна само еден единствен гол (12-1)!

До крајот на првото полувреме, македонските репрезентативки запишаа вкупно пет гола и на одмор заминаа со 13 гола помалку од Романките (18-5).

Почетокот на второто полувреме донесе малку посигурна и многу поефикасна игра на македонската репрезентација која во првите десетина минути успеа да врзе и четири гола во серија и да ја намали разликата на 20-10 и речиси до крај останаа на таа дистанца од 10 гола. Во последната минута Романките постигнаа три гола во серија за конечната победа од  31-18.

Елена Ѓорѓиевска и Сара Ристовска беа најефикасни во македонскиот состав со по пет гола.

Во вториот натпревар од вториот дена на „Трофеј Карпати“, репрезентацијата на Полска го победи Бразил со 29-19. Полска ќе биде последниот противник на Македонија на турнирот, утре со почеток во 13 часот.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.