Ѓорѓиоски: ФФМ максимално го заврши својот дел од обврските за стадионите во Тетово и Штип, на ред се и општините - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ѓорѓиоски: ФФМ максимално го заврши својот дел од обврските за стадионите во Тетово и Штип, на ред се и општините

Ѓорѓиоски: ФФМ максимално го заврши својот дел од обврските за стадионите во Тетово и Штип, на ред се и општините

Фудбалската федерација на Македонија во целост го заврши својот дел од обврската кога е во прашање реконструкцијата на Градскиот стадион во Тетово, проект на ФФМ од програмата „Хет трик 4“ на УЕФА за поставување нова тревна подлога и поставување рефлектори на Градскиот стадион. ФФМ пред неколку месеци на стадионот во Тетово го изгради најмодерниот терен со дренажен систам по највисоките стандарди на УЕФА, а оваа недела успешно беа тестирани и рефлекторите за осветлување на стадионот. Општина Тетово треба да обезбеди довод на електрична енергија за приклучок на рефлекторите, обврска која треба да ја исполни за да можат да се играат натпревари во вечерни термини.

Благодарение на инфраструктурните инвестиции на Фудбалската федерација на Македонија, Градскиот стадион во Тетово за прв пат после 30 години претрпе сериозни промени и подобрувања, а со исполнувањето на обврските од договорот на општина Тетово, тимовите кои играат и тренираат на стадионот ќе имаат услови какви што заслужуваат.

„Вложивме многу напори и средства за развој на фудбалските центри. Тоа е инвестиција во развој на македонскиот фудбал и една од основните задачи на Федерацијата. На почетокот на нашата работа најавивме дека инфраструктурните подобрувања и развојот на фудбалските центри е еден од нашите приоритети и ова е доказ дека работиме согласно со таа визија“ – порача претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

„Правиме се што е во наша моќ да и го дадеме потребното на нашата држава, на нашиот фудбал, а тоа е инфраструктурата, на тоа мораме сите да работиме. Треба да ги поздравиме вложувањата и да се надеваме дека и останатите страни од договорот во овој проект ќе ги завршат своите обврски. Во модерниот фудбал терените и инфраструктурата се можеби клучниот елемент за развој на нашата игра“дополнува Ѓорѓиоски за официјалната интернет страница на ФФМ.

stadion stip

Фудбалската федерација на Македонија со поддршка од УЕФА и „Хет трик 4“ програмата за развој и во општина Штип ги заврши активностите за изградба и реконструкција на нов модерен и квалитетен фудбалски терен со природна трева, а во тек се активности за реконструкција на стадионите во Прилеп и Битола. На стадионот под „Тумбе кафе“ во Битола треба да започне обнова на северната трибина пред да биде поставено рефлекторско осветлување.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.