Ѓорѓевиќ уште четири години селектор на Србија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ѓорѓевиќ уште четири години селектор на Србија

Ѓорѓевиќ уште четири години селектор на Србија

Селекторот на српската кошаркарска репрезентација, Александар Ѓорѓевиќ, останува на оваа функција и во наредните четири години, соопшти претседателот на федерацијата, Драган Ѓилас.

„Се договоривме со Ѓорѓевиќ да остане селектор уште четири години. Тоа е одлука која ќе гарантира контиунитет и резултати и од таа страна имаме добра приказна не само кога се во прашање Олимписките Игри, туку и за наредното европско и светско првенство“, истакна Ѓилас пред српските новинари.

Ѓорѓевиќ ја презеде репрезентацијата на Србија кон крајот на 2013 година и оттогаш освои бронзен медал на Светското првенство во Шпанија, како и четврта позиција на штотуку завршениот Евробаскет 2015.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.