Горан Главчев повторно во редовите на Кожув - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Горан Главчев повторно во редовите на Кожув

Горан Главчев повторно во редовите на Кожув

КК Кожув за продолжението од сезоната се засили со 23-годишниот Горан Главчев кој е повратник во редовите на гевгеличани.

Главчев, кој е поранешен играч на Кожув, во тимот се враќа откако сезонава ја почна во српскиот КК Младост од Земун. Минатата сезона во редовите на Кожув во 30 натпревари бележеше во просек 6.8 поени, 3 скока и 1,4 асистенции по натпревар. Исто така беше и незаменлив дел од тимот во Балканската БИБЛ лига, во сезоната во која Кожув ги имаше најголемите успеси во својата историја, со полуфинале во БИБЛ лигата и полуфинале во македонскиот Куп.

Горан Главчев изминатово лето беше дел и од македонската репрезентација на турнеата во Кина, па без сомнение се очекува да биде квалитетно засилување за надворешната линија на гевгеличани.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.