Гонзалес: Ние сме фаворити, но не чека тежок меч - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Гонзалес: Ние сме фаворити, но не чека тежок меч

Гонзалес: Ние сме фаворити, но не чека тежок меч

Во последниот натпревар пред зимската пауза во Лигата на шампионите, Вардар в сабота 917.30 ч.) во „Јане Сандански“ го пречекува тимот на Кристијанштад. Вардарци се на лидерската позиција во групата А без пораз во првите девет натпревар од групната фаза во ЛШ, што им дава фаворитска улога и во саботниот дуел со шведскиот претставник.

Очекувам тежок натпревар затоа што Кристијанштад има добри играчи. Знам дека ние сме во многу добра ситуација и сигурно ќе бидеме на првото место до февруари. На гости против кристијанштад одигравме многу добар натпревар, тоа е противник кој игра многу брзо и има добар контранапад. Така одиграа и против ПИК Сегед во последниот натпревар. Очекувам и овде во сабота да биде слично“ – истакна тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

За саботниот дуел против Кристијанштад во составот на Вардар најверојатно ќе ги нема Хорхе Македа и Рожерио Мораеш кои имаат проблеми со повреди, но конечната одлука ќе се знае утре.

„Утре имаме тренинзи. Не се знае се уште дали во сабота ќе играат Хорхе Македа и Рожерио Мораеш“ – информираше Раул Гонзалес.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.