Голема победа за „Фемили Аеродром“: Судот ги ослободи навивачите обвинети за навреди кон управата - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Голема победа за „Фемили Аеродром“: Судот ги ослободи навивачите обвинети за навреди кон управата

Голема победа за „Фемили Аеродром“: Судот ги ослободи навивачите обвинети за навреди кон управата

Навивачите на МЗТ Скопје кои беа обвинети за навредување на раководството на клубот се ослободени од одговорност, пресуди Судот во Скопје. Против шестмина навивачи на „Фемили Аеродром“ беа покренати прекршочни пријави поради наводните „навреди упатени кон раководството на МЗТ Скопје за време на ланскиот дуел од АБА-лигата со Унион Олимпија, што покрена бурни реакции во оваа навивачка група, особено ако се знае дека на тој натпревар беше извикувано „Вие не сте МЗТ“ кон управата, по што домашните навивачи ја напуштија салата додека натпреварот се уште беше во тек.

На судскиот процес се гледаше како на уште еден начин на притисок врз навивачите, кои влегоа во отворена битка со раководството на клубот поради низата погрешни потези направени во тој период, а ситуацијата кулминираше откако навивачите потоа решија воопшто да не присуствуваат на натпреварите на својот клуб, кој потоа стигна и до шампионската титула, но ја немаше вообичаената поддршка на трибините.

Целиот судски случај доби завршница откако Судот реши дека не биле доставени доволно докази дека обвинетите го сториле прекршокот наведен во обвинението, за кој им се закануваше и забрана од три години на присуство на спортски натпревари.

presuda1

Останува да се види дали епилогот на овој судски случај ќе значи и нормализација на односите меѓу раководството и навивачката група, па дали „Фемили Аеродром“ наскоро ќе се вратат на трибините за да го бодрат тимот на МЗТ Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.