Ѓоковиќ се мачеше со Чилиќ, Федерер подобар од Вавринка - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ѓоковиќ се мачеше со Чилиќ, Федерер подобар од Вавринка

Србинот Новак Ѓоковиќ и швајцарскиот тенисер Роже Федерер обезбедија место во полуфиналето на Вимблдон откако славеа против Марио Чилиќ односно Станислас Вавринка.

Ѓоковиќ со доста мака успеа да го совлада хрватскиот тенисер Марио Чилиќ дури во пет сета, 6-1,3-6,6-7,6-2,6-2.

Во тежок меч Новак успеа да се врати по водство на противникот од 2-1 во сетови, и да слави по повеќе од три часа и 20 минути игра. Во полуфиналето Ѓоковиќ ќе се соочи со Бугаринот Григор Димитров кој во три сета го исфрли бранителот на титулата Енди Мареј.

Роже Федерер, пак, нешто полесно, во четири сета славеше против својот сонародник Вавринка. Федерер со 6-3 го загуби првиот сет, но потоа успеа да слави во следните три сета со 7-6,6-4,6-4 за конечен триумф на крајот.

Во полуфиналето Федерер ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Раониќ и новата тениска ѕвезда, Австралиецот Киреос.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.