Ѓоковиќ ја откажа и Доха, „виси“ за Австралија опен - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ѓоковиќ ја откажа и Доха, „виси“ за Австралија опен

Ѓоковиќ ја откажа и Доха, „виси“ за Австралија опен

Новак Ѓоковиќ ниту со долгата пауза од терените не успеа да ја санира повредата на лакотот што го мачи подолго време. Српскиот ас во последен момент го откажа настапот на ревијалниот турнир во Абу Даби, а денеска обелодени дека нема да може да игра ниту на турнирот во Доха, кој требаше да биде негов прв во 2018 година.

За жал, ситуацијата со лакотот не се подобри во последните 24 часа. Затоа, принуден сум да го откажам мојот настап во Доха. Мојот став останува ист, да се вратам само кога ќе бидам 100% подготвен за такво нешто, се надевам дека тоа ќе биде случај наскоро“ – порача Ѓоковиќ.

По ваквиот развој на настаните, сега се поголеми се и сомнежите дека Србинот ќе успее да се рехабилитира целосно за настап на Австралија опен, првиот гранслем турнир за 2018 година што ќе стартува на 15 јануари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.