Ѓоковиќ експресно го среди Раониќ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ѓоковиќ експресно го среди Раониќ

Новак Ѓоковиќ експресно се пласираше во полуфиналето од Австралија опен, откако славеше во дуелот против Милош Раониќ со 3-0 во сетови. Канадскиот тенисер најавуваше дека е способен да го изненади првиот носител, но Ѓоковиќ утрово едноставно беше премногу квалитетен, па за два часа го визираше својот пласман меѓу четирите најдобри тенисери на првиот гранслем турнир годинава.

Мечот беше неизвесен само во првиот сет, кој беше решен во тајбрејк што Србинот го доби со 7-5. Тоа придонесе да дојде до мал пад во самодовербата на Раониќ, што беше максимално искористено од Ѓоковиќ, па првиот светски рекет лесно ги доби следните два сета со 6-4 и 6-2, трасирајќи си го патот кон полуфиналето. Таму Новак ќе ги одмери силите со бранителот на трофејот, Станислас Вавринка, кој утрово премногу лесно славеше над Кеи Нишикори со 3-0 во сетови (6-3, 6-4, 7-6).

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.