Главчев: Прашајте го Гечевски зошто не дојде во Кожув! - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Главчев: Прашајте го Гечевски зошто не дојде во Кожув!

Тимот на Кожув бележи одлични настапи во подготвителниот период, што не е никакво изненадување со оглед на квалитетните засилувања што беа доведени во текот на летово. Последниот од низата квалитетни кошаркари што пристигнаа во Гевгелија е Урош Луковиќ, кој ќе биде големо засилување во битката под обрачите, по двете одлични сезони во дресот на Куманово. Првиот човек на Кожув, Томе Главчев, е задоволен од ангажманот на Луковиќ, но исто така и не го крие разочарувањето што лето не успеал да доведе уште некој македонски кошаркар во тимот.

Со Луковиќ се договоривме исклучително брзо, бидејќи ние и вообичаено сме многу прецизни и децидни во преговорите. Тој ги прифати условите што му беа понудени, го препозна нашиот сериозен проект. Од друга страна, навистина ми е нејасно зошто дел од македонските кошаркари не прифатија да дојдат во Гевгелија иако имаа отворени понуди од нашиот клуб. Навистина сакавме уште некој квалитетен домашен играч да ни се приклучи, но не знам кои критериуми се пресудни при изборот на нов клуб. Навистина не знам, еве прашајте го Гечевски зошто не дојде во Кожув“ – изјави Главчев.

kozuv na kupce

Претседателот на Кожув со нетрпение го очекува стартот на новата сезона, за која прогнозира дека ќе биде крајно квалитетна, но и неизвесна, но исто така и открива дека приоритет ќе му биде што подобар пласман во регионалната БИБЛ-лига.

Наша главна цел за сезонава е да се обезбеди учество на фајналфор турнирот во БИБЛ-лигата, нешто што не ни успеа во претходните две години од регионалното натпреварување. Нормално дека ќе се обидеме да стигнеме што подалеку и во домашното првенство, за кое можам да кажам дека сигурно ќе биде едно од најквалитетните и најизрамнетите во регионот. Голем дел од тимовите дополнително се засилија, плус на квалитетот дава што и МЗТ овојпат ќе игра од самиот почеток, а ние ќе дадеме се од себе за да стигнеме до што подобар пласман во оваа силна конкуренција“ – вели првиот човек на Кожув.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.