ФОТОГАЛЕРИЈА: Штркот падна во Гевгелија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ФОТОГАЛЕРИЈА: Штркот падна во Гевгелија

Кожув уште еднаш ги потврди високите амбиции во оваа сезона, откако на домашен терен славеше над МЗТ Скопје со девет поени разлика. Не станува збор само за резултатот, туку и за фактот дека домаќините се покажаа како одлични домаќини, организирајќи дерби без ниту еден единствен инцидент, какви што треба да бидат сите вакви дуели. На трибините можеше да се види и репрезентативецот од Куманово, Александар Костоски, како и легендарниот Благоја Георгиевски Буштур, кои можеа да уживаат во оваа квалитетна кошаркарска претстава.

Атмосферата на трибините беше одлична, а борбата на теренот беспоштедна, но максимално фер и коректна. Во ваквата игра подобро се снајдоа домаќините, додека МЗТ повторно ја покажа старата болка, немањето лидер што би ја превзел одговорноста кога е најпотребно. Во една таква ситуација, непотребно се инсистираше на шутеви од далечина, а квалитетниот состав на Кожув знаеше како да го искористи тоа и да стигне до големата победа.

Штркот падна во Гевгелија, Кожув ја продолжи серијата победи, МЗТ ја продлабочи резултатската криза, но на сите им е јасно дека најинтересното во мак-кошарката допрва следи, најпрвин во Супер-лигата, а потоа и во плејофот, каде доколку нема изненадувања би требало да го видиме и актуелниот првак, но и амбициозниот клуб од Гевгелија.

kozuv1

kozuv3

kozuv8

kozuv6

kozuv5

kozuv4

kozuv2

kozuv5

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.