Германците го „здробија“ Исланд во увертирата за ЕП - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Германците го „здробија“ Исланд во увертирата за ЕП

Германците го „здробија“ Исланд во увертирата за ЕП

Европскиот првак Германија игра импресивно пред стартот на новиот шампионат, откако во увертирата пред ЕП 2018 бранителите на трофејот го декласираа Исланд со убедливи 30-21.

Откако го добија првиот меч со 36-28, германските ракометари делуваа уште поимпресивно на денешниот дуел, доминирајќи во однос на селекцијата што нашиот национален тим ја имаше за ривал во претходниот квалификациски циклу. Во првото полувреме резултатот гласеше 13-8, а во вториот дел на голот на Германија застана Анреас Волф, додека селекторот Прокоп направи уште неколку рокади во тимот. Сепак, тоа не се одрази врз играта на актуелниот европски шампион, кој заслужено стигна до нова убедлива победа.

Само за потсетување, Германија ќе биде наш трет противник во групата Ц од ЕП во Загреб, меч што ќе го играме на 17 јануари.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.