Гечевски: Долгата клупа е адут против Лирија - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Гечевски: Долгата клупа е адут против Лирија

Тодор Гечевски ја продолжува рехабилитациската програма по повредата на скочниот зглоб, поради која овој кошаркар не настапи на дуелот со Куманово во средата. Искусниот репрезентативен центар очекува да биде во можност да игра на неделното дерби со составот на Лирија, на кое што прогнозира нова сигурна победа на „металците“. Како главна причина за оптимизам Гечевски го наведува поголемиот број на квалитетни кошаркари во таборот на МЗТ, наспроти составот на Лирија што според него се базира само на одличната прва петорка. 
 
Се чувствувам подобро од пред неколку дена и се надевам дека до недела се ќе биде во најдобар ред со мене. Очекувам за разлика од мечот со Куманово, овојпат да бидам во можност да излезам на терен и да помогнам во обидите да стигнеме до нов триумф. Лирија е квалитетен тим, но сметам дека силата на овој состав се базира единствено на стартната петорка што е сочинета од многу искусни и квалитетни кошаркари. Нивни главен проблем е недостигот на „прва резерва“, додека МЗТ има навистина голема ротација што ни овозможува да го диктираме темпото на игра. Верувам дека токму благодарение на поголемиот број на квалитетни играчи ќе бидеме во можност да го контролираме ритамот и да стигнеме до нов триумф. Мотивацијата е на највисоко ниво, се надевам на полни трибини и на коректно навивање со кое што ќе ни се помогне да ја продолжиме серијата добри резултати“ – изјави Гечевски. 
 
Македонскиот репрезентативец веќе извесно време е разочаран поради нееднаквиот судиски критериум на последните средби на МЗТ, поради што во неколку наврати несвојствено за него реагираше бурно барајќи објаснување од судиските тројки. 
 
Не станува збор за барање на посебна заштита од страна на судиите. Јас и Чековски сме долги години репрезентативци и не бараме посебен третман, ние не сакаме нешто да ни се даде, едноставно бараме да не ни се земе како што тоа беше случај со големиот број чудни судиски одлуки. Се надевам дека работите ќе се нормализираат, против Куманово имавме добро судење, очекувам иста арбитража и на следните натпревари“ – коментира искусниот центар на МЗТ Скопје.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.