Гајдаџиев и Вилкинсон слават титула со Левски - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Гајдаџиев и Вилкинсон слават титула со Левски

Софиски Левски, по 13 години пауза, повторно дојде до шампионската титула во шампионатот на Бугарија, откако ја сруши 11 годишната доминација на Лукоил Академик. Во петтиот натпревар, од финалната серија, Левски успеа да го совлада градскиот ривал со  81-69 (24-15, 25-15, 18-22, 14-17).

Постот од дури 13 години без титула во домашниот шампионат, новиот член од идната сезона на АБА лигата, Левски го прекина токму сезонава, откако претседателското место во клубот го презеде нашиот Леонид Гајдаџиев, додека во клубот беше ангажиран, натурализираниот Македонец, Мајк Вилкинсон. Тој на денешниот натпревар за 23 минути оствар ефект од 8 поени и 10 скока.

Потсетување сезонава, Левски го освои и националниот куп на Бугарија, а исто така ја освои и БИБЛ, втор пат во историјата на клубот. Како што веќе од пред извесен период е познато, од идната сезона Левски ќе му биде противник на нашиот МЗТ Скопје, во рамки на АБА лигата.

 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.