Ѓуровски за ЕКИПА: Шпанија е фаворит, со другите можеме да се надигруваме - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ѓуровски за ЕКИПА: Шпанија е фаворит, со другите можеме да се надигруваме

Фудбалската репрезентација на Македонија ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2016 година. „Црвено-жолтите“ предводени од новиот селектор Бошко Ѓуровски ќе одат на мегдан со европскиот и светски првак Шпанија, потоа со Украина, Словачка, Белорусија и со Луксембург. Првите импресии на селекторот се умерени, со напомена дека секако Шпанците се главни фаворити во групата Ц, а со сите останати селекции Македонија би можела да се надигрува. На ждребот во Франција беа присутни и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот директор Петар Милошевски.

„Шпанија е огромен фаворит, тука нема дилеми. Но, од друга страна, нашата публика ќе има можност да следи еден голем спектакл, против „црвената фурија“ во Скопје. Што се однесува до останатите селекции во нашата група, мислам дека можеме да се надигруваме. Украина како второрангирана според барабаните, има најголеми шанси за втората позиција, но тоа не значи дека сите останати репрезентации, а тука и Македонија немаат свои шанси. Според една првична проценка, сите селекции во групата Ц негуваат технички дотеран фудбал, што значи дека ќе имаме можност за вистинско надигрување на речиси сите натпревари. Не би сакал во прв момент да давам прогнози за евентуален пласман, сепак, потребна е детална анализа на секој противник, а на крајот фудбалскиот терен е местото каде ќе се решаваат дилемите и ќе се остваруваат резултатите. Нема лесна и тешка група, туку група во која Македонија мора на секој натпревар да го даде својот максимум и да се бори од петни жили за освојување на бодовите“, изјави за ЕКИПА директно од Ница, селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Бошко Ѓуровски.

Допрва треба да следат разговори околу договарање на распоредот на натпреварите во квалификациите за ЕП 2016.

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.