Ѓуровски: „Не погрешив што отидов во Тајланд“ - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ѓуровски: „Не погрешив што отидов во Тајланд“

Македонскиот репрезентативец Марио Ѓуровски на официјалната промоција во својот нов клуб, тајландскиот Муангтонг Јунајтед истакна дека воопшто не погрешил што се одлучил за трансфер во оваа малку позната фудбалска земја.

 

„Ова е голем предизвик за мене, и сигурен сум дека не погрешив. Се лажат оние кои мислат дека во Тајланд не се игра фудбал“ – истакна Ѓуровски на промоцијата на која беше потврден неговиот тригодишен договор со клубот.

 

„Фудбалот во Тајланд од година на година постојано напредува. Имам доволно информации. Знак во каква средина доаѓам и очекувам уште оваа година да направиме бум во азиската Лига на шампиони. Градот е совршен, клубот е убедливо најдобриот во државата и сето тоа е доволно за мене. По првите денови престој вистински ме фасцинира што гледам дека луѓето живеат за фудбалот“ – рече Ѓуровски пред повеќе од 20 телевизиски азиски куќи присутни на неговата промоција.

 

Муангтонг Јунајтед последните три сезони освои две шампионски титули на Тајланд. Изминатата сезона во нивните редови беше и прославениот поранешен англиски репрезентативец Роби Фаулер како тим менаџер и играч во клубот.

 

Марио Ѓуровски на Тајланд се пресели откако не успеа да се наметне во првиот тим на украинскиот прволигаш Металург Доњецк. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.