Ѓоковиќ не се ни испоти - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Ѓоковиќ не се ни испоти

Новак Ѓоковиќ одигра фантастичен меч на отворањето на Австралија опен, откако успеа да го демолираше Италијанецот Паоло Лоренцо со преубедливи 6-2, 6-0, 6-0. Интересно е што Лоренци добро го почна мечот и во третиот гејм стигна до брејк и водство од 2-1. Сепак, тоа само го налути најдобриот светски тениер, кој влезе во својот препознатлив ритам, ги доби следните 17 гејма и испрати јасна порака до ривалите дека е подготвен за одбрана на трофејот освоен лани. 
 
Морам да бидам задоволен од начинот на кој што играв. Сакав да дојдам до лесна победа, да минам што помалку време на теренот и сметам дека успеав во тоа“ – изјави Ѓоковиќ, кој што стигна до победата за 92 минути игра. 
 
Следен ривал на Новак ќе биде Колумбиецот Сантијаго Хиралдо, кој што денеска во својот премиерен меч го совлада Матео Виола од Италија со 3-0 во сетови. 
 
Енди Мареј неочекувано наиде на проблеми во дуелот со Рајан Харисон, откако американскиот тенисер го доби првиот сет со 4-6. Сепак, во преостанатиот дел од мечот можеше да се проследи целосна доминација на Мареј, кој што лесно стигна до резултатски пресврт и пласман во второто коло. 
 
На женскиот дел од турнирот, Петра Квитова покажа дека се наоѓа во одлична форма откако во првото коло ја декласираше Русинката Душевина со 6-2, 6-0, Марион  Бартоли беше подобра од Французинката Рацано, додека Вера Звонарева со многу мака се пласираше во второто коло, откако во крајно неизвесен меч ја совлада со 7-6, 6-7, 6-3 Романката Дулгеру. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.