Футсал: Тест со Србите во Велес - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Футсал: Тест со Србите во Велес

Футсал репрезентацијата на Македонија вечерва во Велес ќе одигра пријателски натпревар со Србија. Вториот тест двете селекции ќе го имаат утре во „Форца“ во Скопје. Ова се подготвителни натпревари за избраниците на селекторот Васко Скендеровски во пресрет на следниот квалификациски циклус за пласман на Европското првенство.
 
„По настапите со Железарец во квалификациите за ЛШ, еве продолжуваме со активности и со националниот тим во футсал. Не очекуваат два пријателски натпревари со Србија, во рамките на подготовките за следниот квалификациски циклус за ЕП. Ги повикуваме гледачите да ги следат нашите настапи и во Велес и во Скопје и се надеваме на успешни резултати“ – изјави Мирослав Тодоровски, голманот на нашиот национален футсал тим.       

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.