Funny Basket..: Најзанимливите коментари за Македонија на Евробаскет 2011 - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Funny Basket..: Најзанимливите коментари за Македонија на Евробаскет 2011

Успехот на нашите кошаркари на Евробаскетот 2011 во Литванија дефинитивно треба да создаде нов победнички ментален склоп за секоја од домашните спортски селекции пред следните свои учества на интернационалната сцена…

 

„Македонија може да биде и победник“ – е генералниот заклучок од изданието на нашите херои во Литванија. Во очекување на нивното пристигнување денеска во Скопје и централната прослава од 13:30 часот на плоштадот Македонија, за нас останува од оној занимливиот агол да се потсетиме на се она низ што минаа „црвено-жолтите“ на Европскиот шампионат.

 

1. „Македонците очигледно добро ќе треба да се намачат за да дојдат до четвртото место, доколку сакаат да стигнат во осминафиналната групна фаза. И тоа за нив ќе биде добар успех“ – црногорска „Арена“ по стартниот наш пораз од Црна Гора.

 

2. „Македонија ја изненади Хрватска…. Покажаа дух, срце, желба за победа, нешто што ние немавме на овој натпревар“ – хрватски „Индекс“.

 

3. „Непобедлива фаланга“, „Македонците гинат за своите навивачи“, „Какви лавовски срца“, „Грците добија лекција од фалангата на Александар“ – дел од светските наслови по големиот триумф над Грција.

 

 4. „Грците го избришаа името Македонија од ТВ екраните за време на директниот пренос, ама Македонците го избришаа паркетот со нив во Литванија“ – коментар на српски „Блиц“.

 

5. „Новиот позивен број за Грција +7258…“

 

6. „Бо Мекејлеб? Не познавам таков. Кај нас има еден Борче Македонски“ – капитенот Перо Антиќ, во интервју за интернет страната на ФИБА.

 

7. „Ако на седум Македонци додадете еден Американец тогаш добивате моќ еднаква на 300 Спартанци“ – руски „Спорт-експрес“.

 

8. „Знам да пцујам на македонски“ – одговор на Бо Мекејлеб во интервју за „Њујорк тајмс“, на прашањето што знае од македонскиот јазик.

 

9. „Кога ќе го погледнете Марин Докузовски како диригира со својата селекција, тогаш веднаш ја чуствувата најбајковитата симфонија во своите срца“ – руски „Вести“.

 

10. „Ајде да видиме што ќе суди сега Ламоника. Енац, офсајд…? Што и да суди Македонија е во полуфиналето“ – коментаторот на ТВ Сител, Игор Трпевски пред слободните фрлања на Владо Илиевски во последната секунда од четвртфиналниот дуел со Литванија.

 

11. „Македонците се од некоја друга димензија. Повредени, преполовени, уморни… а сепак не победија пред 15.000 навивачи“ – литвански „Баскетнет“.

 

12. „Кога ќе ја погледнам Македонија ме фаќа носталгија. Се потсетувам на нас од 1992 година“ – Арвидас Сабонис.

 

13. „Македонија игра нова нетипична кошарка. Треба да се најде лек за таква кошарка. За да ги победите треба добро да се намачите“ – селекторот на Шпанија, Серџо Скариоло.

 

14. „Ова беше најквалитетното Европско првенство во историјата на кошарката“ – селекторот на Србија, Душан Ивковиќ.

 

15. „Кога ќе ги погледнеме Перо, Бо, Владо, Дамјан, Војдан, Тоше, Предраг, Ѓорѓи, Марин, Димче, Врба, Дарко…, тогаш сите заедно знаеме дека сме Македонија. Тоа е вистинската Македонија за која чезнееме“ – „ЕКИПА.МК“. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.