Фудбалски брак: Братот на Пандев се ожени со ќерката на Орце Турново - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Фудбалски брак: Братот на Пандев се ожени со ќерката на Орце Турново

Фудбалски брак: Братот на Пандев се ожени со ќерката на Орце Турново

Капитенот на Хоризонт Турново, Сашко Пандев, инаку брат на најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, денеска се ожени со ќерката на сопственикот на ФК Хоризонт Турново, Ивана Тодорова. Отсега Орце Тодоров и официјално ќе го има зетот во својот фудбалски тим, а можеби пред крајот на кариерата ќе го убеди и сватот Горан Пандев една сезона да го носи дресот на турновци. Можеби и во тандем со брат му Сашко.

Свадбената забава, како што пренесува порталот „Струмица нет“, е вечерва во хотелот „Сириус“ во Струмица, на што претходеше и црквената венчавка во црквата „Свети Петнаесет“ во Струмица. Нека се среќни и долговечни, Сашко и Ивана Пандеви…

Фото: www.strumicanet.com

pandev svadba 2

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.