Фоцис се пресели во Армани - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

Фоцис се пресели во Армани

 Грчкиот кошаркарски репрезентативец Антонис Фоцис, реши да го напушти тимот на Панатинаикос, па во следната сезона ќе го носи дресот на Емпорио Армани. Финансиските проблеми на Панатинаикос му овозможија на Фоцис без никаква отштета да го напушти актуелниот европски шампион, по што до овој кошаркар стигнаа неколку суперинтересни понуди. 
 
Иако можеше кариерата да ја продолжи во Шпанија или во Русија, Фоцис сепак се реши да ја прифати понудата на Армани и во следната сезона да настапува во италијанскиот шампионат.
 
Имам настапувано во повеќе различни земји, никогаш досега и во Италија. Затоа и се решив да ја прифатам понудата на Армани, на овој трансфер гледам како на нов голем предизвик во мојата кариера и се надевам на трофеј во италијанскиот шампионат“ – изјави Фоцис. 

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.