ФОТО: Младите „металци“ подобри од Партизан - Екипа
Сакај СПОРТ!   Читај Спорт!   Живеј СПОРТ!
Ekipa
Топ Вести
Ракомет
9/01/2018 17:58
Ракомет
9/01/2018 17:12
Ракомет
9/01/2018 15:55
Ракомет
9/01/2018 13:09

ФОТО: Младите „металци“ подобри од Партизан

МЗТ Скопје изминатиот викенд беше организатор на силниот турнир во младинска категорија во кој покрај „металците“ учествуваа уште и екипите на Партизан, Водно санс и на Работнички. Станува збор за натпреварување на играчи до 16 години, генерација 98/99, на кој триумфираше составот на МЗТ Скопје. Младите „металци“ најпрвин славеа над Работнички со 69-44, потоа беа подобри од Водно санс со 100-87, за во клучниот меч во битката за трофејот да дојдат и до триумф над белградски Партизан од 75-60. Избраниците на тренерот Горан Крстевски покажаа одлична игра во трите натпреварувачки дена и на крајот сосема заслужено се закитија со трофејот.
„На големо задоволство овој меѓународен турнир помина во одлична атмосфера и добра игра прикажана од сите учесници на овој турнир. Ова е уште еден факт дека меѓу МЗТ и Партизан како клубови постојат одлични релации, наспроти она што се сакаше да се претстави во јавноста во изминатиот период. Планирано е и наше гостување во Белград на турнир што ќе биде организиран од страна на Партизан на почетокот од следната година. Нашиот клуб се заблагодарува на гостите учесници на овој турнир и верува и настојува дека соработката и натаму ќе продолжи“ – велат од младинската школа на МЗТ Скопје.

deca mzt2deca mzt4deca mzt5deca mzt7

Advertisement

Редакцијата на Екипа се оградува од сите коментари со навредлива и заканувачка содржина што ќе ги пласираат читателите. Воедно, бара од сите свои читатели да се воздржат од навреди по национална и верска основа. Таквите коментари ќе бидат повлечени.